Негувателка несакајќи му ја притиснала раката на двегодишно дете во градинка, па лекарите морале да му го ампутираат прстот

Негувателка несакајќи му ја притиснала раката на двегодишно дете во градинка, па лекарите морале да му го ампутираат прстот

пред 1 година






На двегодишно дете во градинка во Србија лекарите морале да му го ампутираат еден од прстите, откако негувателката несакајќи му ја притиснала раката со вратата.

Инцидентот се случил на 20 април околу 15 часот и 40 минути во градинката Облачак, а полиција била известена дека на Детската клиника во Тиршова било донесено во придружба на мајка му и негувателката.

Утврдено било дека детето тој ден престојувало во градинката и дека при затворањето на металната врата, негувателката му го притиснала палецот од десната рака. Лекарите во болницата констатирале тешки физички повреди и рекоа дека морале да му го ампутираат прстот.





Share
Scroll to Top