Светскиот ден на танцот e ден посветен на славење на различноста и убавината на танцот ширум светот.На 29-ти април восабота, во 14 часот, во Ист Гејт, со танц перформанс од над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија, ќе се одбележи и поддржи богатата историја и културното значење на танцот како уметничка форма која е дел од човековото изразување илјадници години.
Настанот е воедно и најава за Европското првенство во хипхоп и брејкденс кое ќе се идржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“ како и Интернационалниот танц фестивал „Dance Off 2023“ во Ист Гејт Мол. И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчери од преку 20 земји од Европа.
Во програмата во сабота, покрај танц перформанс, ќе има и диџеј – Дј Насти, како и работилници по танц со повеќе кореографи од Македонија.
„Масовен флеш моб во кој учествуваат над 2500 танчери од цела Европа. Флеш моб настанот е прослава на танцот и движењето, собирајќи ги на едно место талентирани изведувачи од цела Европа. Танчерите ќе прикажат различни стилови, вклучително и хип хоп, современи и традиционални народни танци, сето тоа поставено на енергична саундтрак која сигурно ќе ги привлече сите нозе. Овој флеш моб не е само за забава, туку е и можност да се зближат луѓето и да се прикажат убавината и различноста на европското културно наследство. Настанот е отворен за сите и ги охрабруваме луѓето од сите возрасти да дојдат и да се придружат во забавата“, велат организаторите.