Том Круз е најплатениот актер за минатата година со заработка од 100 милиони долари, а Маргот Роби со 12

Том Круз е најплатениот актер за минатата година со заработка од 100 милиони долари, а Маргот Роби со 12

пред 2 години

Маргот Роби (32) е на првото место како најплатена актерка, а Том Круз (60) како најплатен актер, според „Инфографика“.

Австралиската актерка Маргот Роби стана најплатената актерка во 2022 година поради улогата на Бабрби во истоимениот филм, од кој заработи 12,5 милиони долари.

Износот од десет милиони долари им припаѓа и на актерките: Сандра Булок за улогата во филмот „Изгубениот град“, Зендаја од филмот „Предизвикувачи“, Мили Боби Браун од филмот „Енола Холмс 2“ и Лејди Гага за улогата во филмот „Џокер 2“.

На листата се најде и Џенифер Лопез која за улогата во филмот „Омажи се за мене“ заработи осум и пол милиони долари. Актерката Гал Гадот заработила пет милиони долари од улогата во филмот „Смрт на Нил“.

Зад неа се најде актерката Емили Блант  која заработи четири милиони долари благодарение на улогата во филмот „Опенхајмер“.

Нешто помалку, три ипол милиони долари заработи актерката Џејми Ли Кертис за улогата во филмот „Halloween Ends“, а влезе Ања Тејлор-Џој која заработи речиси два милиони долари за филмот „Фуриоза“.

На листата на најплатени актери првото место го зазеде Том Круз за улогата во филмот „Топ ган:Маверик“. Круз за оваа улога заработил дури 100 милиони долари.

На второ место се најде актерот Вил Смит, кој глумеше во филмот „Еманципација“ и заработи 35 милиони долари.

Сумата од 30 милиони долари заработија Леонардо ди Каприо за филмот Killers of the Flower Moon и Бред Пит за улогата во филмот „Формула 1“.

Сума од 20 милиони долари заработија: Вил Ферел, Крис Хемсворт, Вин Дизел, Том Харди и Хоакин Феникс.

Share
Scroll to Top