Анџелина Џоли со синот Медокс на гала вечера во Белата куќа

Анџелина Џоли со синот Медокс на гала вечера во Белата куќа

пред 2 години

Американската актерка Анџелина Џоли присуствувала во средата навечер со синот Медокс Џоли-Пит на гала вечера во Белата куќа, што ја организирал претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил по повод државната посета на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и неговата сопруга Ким Кеон Хи  во САД и прославата на 70-годишнината од сојузот меѓу САД и Јужна Кореја.

Американските медиуми пишуваат дека Медокс (21) е добар познавач на Јужна Кореја, со оглед на тоа што студира биохемија на сеулскиот универзитет Јонсеи, а за време на престојот таму студирал и корејски. Џоли ја посети Јужна Кореја во 2019 година со Медокс за неговата прва година запишување на Универзитетот Јонсеи. Но, по една година, тој се вратил во САД поради пандемијата на Ковид-19.

„Не можев да бидам посреќен поради изборот на Мед за универзитетот. Во моментов, се разбира, тој е затворен поради пандемијата, но тој ќе се врати и ќе продолжи со студиите штом работите ќе се смират. Сите сме многу среќни како семејство што, благодарение на Медокс, ќе имаме можност да ја запознаеме Јужна Кореја за време на неговото студирање во таа земја“, изјавила Џоли за јужнокорејскиот Donga Daily во 2020 година.

Медокс Џоли-Пит е најстарото од шесте деца на познатата актерска двојка. Анџелина го посвоила од сиропиталиште во Камбоџа кога имал седум месеци. Џоли има уште пет деца со поранешниот сопруг Бред Пит: Пакс (19), Захара (18), Шајло (16) и четиринаесетгодишните близнаци Нокс и Вивиен. Медокс, Пакс и Захара беа посвоени.

Втората државна вечера на администрацијата на Бајден беше одржана за да ја прослави „70-годишнината од сојузот САД-РОК, кој беше од суштинско значење за промовирање на мирот, стабилноста и просперитетот за двете земји, Индо-Пацификот и светот“, според соопштение за медиумите. На вечерата настапија ѕвездите од Бродвеј, Норм Луис, Леа Салонга и Џесика Воск.

Share
Scroll to Top