Почетоците на актерски денови на Ричард Гир во Њујорк биле многу тешки. Холивудскиот актер почетоците ги имаше во филмот „Американски жиголо“,
„Мојот главен оброк беа јајцата“, се присетил Гир за „Пејџ сикст“ за неговите рани денови кога се борел да се прослави во актерскиот свет. Одењето во ресторан за него било сосема нереално, а тие времиња биле, признал тој многу тешки, дури и очајни.
„Во текот на 1970-тите на самиот почеток на мојата кариера за да успеам како актер, гладував. Имав доволно среќа да работам, но тогаш немаше многу актери кои заработуваа пари. Бев на Бродвеј за прв пат. Јас всушност работев надвор од Бродвеј. Во Њујорк никој не заработуваше пари. За жал, гладот беше нешто сосема вообичаено. Да се биде гладен беше нормално за многу луѓе, особено за актерите кои го започнаа своето патување во Њујорк. Затоа оваа организација ми е толку важна”, рекол Гир за добротворната организација за храна City Harvest.
„Храната е од суштинско значење за животот и многу луѓе ја немаат таа потреба во Америка. Сè е скапо во моментов. Затоа, среќен сум што ќе помогнам кога станува збор за добивање хранлив оброк на луѓето. Тоа е основно човеково право “, додал тој.