Кјелини по позитивниот тест на Роналдо: Ќе биде успех да ја завршиме сезоната

Кјелини по позитивниот тест на Роналдо: Ќе биде успех да ја завршиме сезоната

пред 4 години

Џорџо Кјелини инсистира дека Кристијано Роналдо е во добра состојба и покрај дијагнозата за КОВИД-19 и вели дека „мора да се продолжи“, но дека вистински успех ќе биде да се комплетира фудбалската сезона 2020/21.

Кјелини се подготвува за меч од Лигата на нации на Италија против Холандија по вестите на Роналдо е позитивен, како и соиграчот од репрезентацијата на Кјелини, Стефан Ел Шарави.

„Ескалацијата во последните неколку недели не изненадува, но мораме да продолжиме, да ги преземеме сите мерки, бидејќи не смееме да сопреме. Првата причина е економска – фудбалот е голема и важна индустрија. Постои и социолошка потреба, бидејќи во следните недели многу работи ќе се затворат и мора да ризикуваме. Зборував со Кристијано, тој е океј и се сонча и ќе се врати кога ќе е подготвен. Следните некоку месеци ќе бидат многу тешки. Ќе биде победа само да ја завршиме  сезоната, а резултатите не се многу важни“, вели капитенот на Италија и на Јувентус.

Share
Scroll to Top