Мал инцидент се случи на натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Кожув во првиот четвртфинален натпревар во плејофот во македонскиот шампионат, откако тренерот на домашните, Гаги Николиќ за момент влета на теренот и собори еден од противничките играчи.
Незадоволен од недосудениот прекршок над Робев во втората четвртина, Николиќ излезе на теренот додека гостите тргнаа во акција и го собори противникот. На крајот заработи исклучување.