Лука од 2Cellos ќе стане татко по четврти пат

Лука од 2Cellos ќе стане татко по четврти пат

пред 1 година

Сопругата на Лука Шулиќ, поранешен член на 2Челос, повторно е бремена. Лука и неговата сопруга Тамара на социјалните мрежи ја споделија радосната вест дека ќе станат родители по четврти пат.

На видеото објавено на Инстаграм профилот на Лука, снимено на семеен одмор на егзотична дестинација, во некои кадри музичарот ја допира сопругата за стомакот.

„Повторно растеме“, напиша тој.

Лука и Тамара се во врска од 2015 година, а се венчаа од 2017 година – во 2018 година го добија синот Вал, а една година подоцна и ќерката Хана, а во 2021 година синот Лео.

Инаку, виолончелистот кон крајот на март објави дека ги снимил последните ноти за својот нов албум. Покрај љубителите на музиката, музичарот има се повеќе следбеници кои се љубители на неговите спортски вештини. Шулиќ, имено, се занимава со граплинг, сè попопуларна боречко-борбена вештина која ги обединува сите борбени спортови без удари – односно борење, џиу-џицу, џудо – и во кои се користат различни техники. Неодамна се пофали со освоеното второ место на турнирот во Виена.

Share
Scroll to Top