Илон Маск објави дека Твитер работи на отстранување на корисничките сметки од платформата кои се неактивни подолг временски период.
Маск не го дефинираше конкретно периодот на неактивност, но се работи за опсег од неколку години.
Ова не е прв пат Илон Маск да твита на оваа тема, а уште во ноември минатата година објави дека планира да го „исчисти“ профилите на социјалната мрежа. После тоа, тој во декември посочи дека платформата ќе објави кориснички имиња за околу 1,5 милијарди кориснички сметки.
We’re purging accounts that have had no activity at all for several years, so you will probably see follower count drop
— Elon Musk (@elonmusk) May 8, 2023
Исто така, на крајот на минатата година, Маск даде предлог за потенцијално деактивирање на сметките на кои корисниците не се најавени една година или повеќе.
Во овој момент, само твитовите на Маск даваат увид во процесите и дејствијата што може да ги преземе Твитер, а нема потврди за тоа како ќе се одвива процесот или кога ќе започне.