Почнаа подготовките за Макфест 2023, фестивалот доби и нов слоган

Почнаа подготовките за Макфест 2023, фестивалот доби и нов слоган

пред 2 години

Започнаа подготовките за годинешното 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, како на организационо-технички, така и на продуцентско-музички план, па одбраните содржини ветуваат уште поголеми хитови.

Изненадувања за двете вечери подготвуваат организаторите, каде ќе се појават млади, помалку афирмирани, а сепак надежни  музички имиња, но и веќе афирмирани музички имиња.

„Работиме на тоа годинава на Макфест  да му го вратиме сјајот од една, но од друга страна фестивалот да биде уште поблизу до актуелните, светски, музички трендови  од друга страна, со свеж  звук и модерна продукција кои се блиски до младата публика, а онаа повозрасната сепак да ја препознае песната која ќе биде блиска до нивниот сензибилитет“, вели уметничкиот директор, познатиот македонски композитор и музичар Роберт Саздов.

Организационо-извршната продуценстка екипа исто така има полни раце работа, сакајќи фестивалот покрај музичките, да го надополни и со иновативни визуелно-сценски содржини, кои ќе ја збогатат комплетната аудио-визуелна слика на „Макфест 2023“ за комплетно уживање и на публиката во салата и на ТВ гледачите.

Не сакајќи да ги откриваат во старт  сите детали, за почеток Александар Арсовски, организатор и координатор на Макфест од општина Штип, за јавноста промотивно го соопшти годинешниот слоган кој ќе биде едно од обележјата на  фестивалските денови, кој гласи: „38 години Макфест – „фестивалска симфонија за цела Македонија“.

Според  почетно кажаното, несомнено годинава може да очекуваме „Макфест 2023“ да понуди уште побогата „аудио-визуелна  рапсодија“  за сите сетила.

 

Share
Scroll to Top