Пејачката Тејлор Свифт го прекина концертот во Филаделфија во саботата вечерта по расправија со обезбедувањето. Tаа неколку пати гестикулираше во обид да ја смири ситуацијата.
„Добро е“, рече на крајот додека ја пееше нејзината песна „Bad Blood“.
Во видеото кое се појави на социјалните мрежи ТикТок и на Твитер, корисникот и се заблагодарува на пејачката што како и многу други ја спасил од обезбедувањето на кој и самите постојано викале. Сепак, не е јасно што точно правело обезбедувањето за да го оправда одговорот на Тејлор.
Еден фан се огласи на Твитер и напишал дека обезбедувањето било многу агресивно: „Целосно нè држеа за физички да не истуркаат од барикадата наместо само да ни кажат да се движиме“.
Неколку луѓе сугерираа дека тоа сигурно било сериозен инцидент, бидејќи Тејлор ретко ги прекинува нејзините концерти.
📹 | Front row video of Taylor Swift defending a fan tonight against a security guard #PhillyTSTheErasTour pic.twitter.com/80TOhZXohC
— Taylor Swift News (@TSwiftNZ) May 14, 2023