Пијан возач од Колорадо се обидел да се извлече од одговорност и тврдел дека неговото куче било зад воланот место него и тоа возело пребрзо и ја пречекорило дозволената брзина. Полицајците во Спрингфилд напишале на „Фејсбук“ дека инцидентот се случил во саботата доцна вечерта.
Го запреле кога го забележале дека место со 50 вози со 84 километри на час.
„Се обиде да го замени местото со кучето, кое седеше на совозачкото место. Додека полицаецот се доближи до автомобилот го виде. Тогаш пијаниот маж излезе од совозачкото седиште и ги убедуваше колегите дека тој не возел“, рекоа од полицијата.
Кога го прашале колку алкохол испил, побегнал, оставајќи ги автомобилот и кучето. Успеал да им избега 20 метри, но одма бил уапсен. Кучето потоа го земал негов пријател, а од полицијата се пошегуваа дека миленикот нема да добие никаква пријава и дека ќе биде пуштено со предупредување.