Деветгодишно девојче кое нејзината мајка го киднапирала во 2017 година, од домот на бившиот, било најдено живо и здраво во продавница во Северна Каролина. Го препознал продавачот од серијата „Нерешени мистерии“ на „Нетфликс“.
Станува збор за Кајла Унбехуан, која живеела со татко ѝ Рајан Искер сè до 2017 година, додека мајка ѝ Хедер Унбехуан не дошла да ја зема со сила, пренесе „Дејли Мајл“. Кајла последен пат била видена на 4 јули 2017 година. Рајан имал целосно старателство над Кајла.
Хедер пред да ја киднапира, имала право на посети. На 5 јули 2017 година, Рајан отишол кај Хедер да ја земе ќерка му и да ја однесе дома. Но, не можел да ги најде дома, а не знаел ни каде би можеле да бидат.
На крајот Хедер била уапсена минатата недела во Ешвил, во Северна Каролина. Продавачот кој го препознал девојчето, неколку дена претходно гледал епизода од „Нерешни мистерии“. Штом ја препознал одма повикал полиција.
Сега Хедер ќе биде казнета со 250.000 долари. Кајла денес има 15 години и била една од главните теми „Киднапирана од семејството“ во серијата „Нерешени мистерии“ на „Нетфликс“. Откако беше пронајдена Кајла, се огласи нејзиниот татко Рајан.
„Пресреќен сум што Кајла е добро. Сакам да се заблагодарам на Националниот центар за исчезнати деца и на сите агенции за спроведување на законот кои помогнаа во нејзиниот случај. Сега бараме малку приватност додека повторно се запознаеме и почнуваме од почеток“, рече Рајан.