Ќерката на Мелита Ракичевиќ, славеше матура. За матурската вечер таа избра фустан во боја на шампањ, од модната дизајнерка Ива Спасовска, а ја нашминка Дадар со кого и приватно се дружат.
Сепак, впечаток остави заедничката фотка со нејзините родители, Мелита и Соме. Таа често споделува фотографии со нејзината мајка, но ретко кога со татко си Владимир Соме Ракичевиќ, кој беше познат менаџер на ноќниот живот во Скопје во деведесеттите. Мелита и Соме одамна се разведени. Барбара, беше водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, а се занимава и со пеење. Има снимано две песни и често настапува низ клубовите во Македонија.