Манекенката Хајди Клум (49) изненади со својот моден избор на 76. филмски фестивал во Кан кога на црвениот тепих прошета во необичен жолт фустан со превртено деколте.
Фустанот е дизајн на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, а она што сите го забележаа се градите на манекенката кои едвај ги покриваше жолтиот фустан. Освен градите, Хајди ги покажа и нозете со длабокиот шлиц на фустанот.
Жолтиот фустан не успеа целосно да ги сокрие градите на манекенката, па во еден момент додека мавташе со наметката и излегоа градите од фустанот.
Хајди, која моментално е во жирито на популарното шоу „Америка има талент“, е позната по своите крајно необични и разголени модни избори.
Моделот моментално го придружува својот млад сопруг Том Каулиц (33), кој е на турнеја со бендот Токио Хотел, но сепак не сакаше да го пропушти годишниот спектакл на југот на Франција.