Ковачевски ја запозна охриѓанката Христијана Парулеска која освои злато на Европското првенство во традиционално таеквондо

Ковачевски ја запозна охриѓанката Христијана Парулеска која освои злато на Европското првенство во традиционално таеквондо

пред 1 година

Премиерот на државата Димитар Ковачевски се фотографираше со македонската репрезентативка во традиционално таеквондо, Христијана Парулеска од Охрид, која освои златен медал на Европското првенство што се одржа во италијанското летувалиште Јесоло.

„Ми беше огромно задоволство што денеска во Охрид имав можност да поразговарам со младата Христијана Парулеска, која се закити со титулата европска шампионка во спаринг борби на Европското првенство во таеквондо ИТФ, кое минатиот месец се одржа во Језоло, Италија. Нашата млада шампионка е и актуелна европска вицешампионка во категоријата Форми-борба со замислен противник и е прогласена за најдобра кадетка на европското таеквондо ИТФ, што е историски успех за нашата држава, прв пехар во Северна Македонија од сите поединечни спортови“, рече Ковачевски.

Парулеска во финалето во борба до 50 килограми ја совлада репрезентативката на Украина и се искачи на континенталниот трон. Првпат во историјата, македонската химна да се интонираше на Европско првенство во традиционално таеквондо.

Share
Scroll to Top