Музичката легенда Тина Тарнер ги помина своите последни денови талкајќи низ живописното швајцарско село покрај езеро кое го нарече свој дом, пишува Дејли Меил. Пејачката наводно лежерно шетала низ улиците на Куснахт, купувајќи дизајнерска облека и гурмански деликатеси. Понекогаш таа седела на клупа во локалниот парк, гледајќи преку Циришкото езеро во планините покриени со снег. И покрај тоа што имала личен батлер и комплетен персонал, ѕвездата сама се возела низ тесните улички во своето Porsche Cayenne. Тарнер, која почина минатата недела на 84-годишна возраст, соседите ја паметат како скромна, пријателски расположена и учтива.
„Тина Тарнер понекогаш доаѓаше во градот да купува. Имаше батлер, но сакаше да оди и со нејзиниот сопруг Ервин. Особено им се допадна Куќата за гурмани Мореира. Тоа е најдоброто место во областа за купување чаден лосос и бели тартуфи“, изјавил за Дејли Меил месарот Бени Ланг.
Тина Тарнер се преселила во Куснахт во 1995 година кога нејзиниот сопруг Германец Ервин Бах се вработил како менаџер на швајцарските канцеларии на EMI Music во блискиот Цирих. Тие се венчале во 2013 година. Истата година Тина доби швајцарско државјанство и се откажала од американскиот пасош. Тарнер, која научила да зборува германски за да се квалификува за швајцарско државјанство и усвоила посебен швајцарски дијалект, посетувала часови по јога во јавниот парк Хорн.
„Кога првпат дошла да живее овде, почнала да оди на јога. Посетувала часови во паркот“, вели една сосетка, додека другата соседка додала дека сакала да оди во парк и да седи покрај езерото.
Тарнер ја посетувала продавницата за дизајнерска облека Ларедо.
„Таа беше многу скромна. Сакаше да купува. Еднаш купи џемпери од кашмир за нејзиниот сопруг Ервин“, рекла продавачката Арзу Оезогуз.
„Кога ја гледав Тина Тарнер како шета по улица со нејзиниот сопруг, тие беа многу опуштени и среќни заедно“, изјавил жител на селото Кармен.
Швајцарскиот замок на Тина Тарнер на езерото е продаден, се дознало само неколку дена по нејзината смрт. Шато Алгонкин, каде што обожавателите и добронамерниците се собраа да и оддадат последна почит на пејачката, сега е во сопственост на мултимилионерката швајцарска бизнисменка Инес Каиндл-Бенес.
Импресивниот имот, кој вклучува четирикатна главна куќа, голема градина, двокатна бродска куќа и се наоѓа на 1.350 хектари земја, е дом на Тарнер и нејзиниот сопруг, Ервин Бах, во последните 22 години, каде што тие беа во брак. Но, парот никогаш не го поседувл распространетиот имот во отменото село Куснахт во близина на Цирих. Тие едноставно го изнајмиле од сопственикот. Новата сопственичка, бизнисменката Инес Каиндл-Бенес, го купила имотот како инвестиција. Таа е претседател на Управниот одбор на семејната компанија за преработка на дрво Swiss Krono Group во Луцерн, со лично богатство проценето на околу 988 милиони долари. Откупната цена на замокот не е објавена, но се проценува дека таа цифра била околу 86 милиони долари во кеш.