Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ објави крај на блескавата кариера. Иако постоеше можност да продолжи да игра за Монца, сепак, по вечерашниот меч меѓу Милан и Верона (3:1), тој објави дека става крај на кариерата.
„Првиот пат кога пристигнав во Милан ми подаривте среќа, вториот пат ми подаривте љубов. Од срце сакам да им се заблагодарам на навивачите. Ме пречекавте со раширени раце, направивте да се чувствувам како дома. Ќе бидам навивач на Милан до крајот на животот. Време е да се збогувам со фудбалот, но не и од вас“, изјави Ибрахимовиќ во солзи.
Tears in everyone’s eyes.
Zlatan is immense,
𝐀𝐋𝐖𝐀𝐈𝐙 ❤️🖤 pic.twitter.com/ZiCwzdWTZB
— Lega Serie A (@SerieA_EN) June 4, 2023