Ајде сите на џамлии, народна и граница во Аеродорм кај „Авионче“

Ајде сите на џамлии, народна и граница во Аеродорм кај „Авионче“

пред 1 година

Со цел популаризација на маалските игри, поголема социјализација на децата и едукација за важноста од физичката активност викендов  се организира настанот „Маалски игри без граници“. Овој петок (9 јуни) во периодот од 17:00 до 20:00 часот паркот „Авионче“ во Општина Аеродром ќе биде претворен во големо игралиште каде децата и младите ќе можат да се едуцираат, натпреваруваат, другаруваат и забавуваат на настанот „Маалски игри без граници“, велат организаторите.

Играњето игри пред маалата и дружењето проследено со детски џагор е сѐ помалку присутно во скопските населби, a во минатото тоа беше препознатлив симбол на маалскиот живот кај скопјани. Модерното време ја донесе дигитализација, децата се оттргна маалата и играта, а тоа придонесе децата сѐ помалку да се социјализираат.

„Нашата цел е реафирмирање на маалските игри без граници кои се подзаборавени под налетот на новите технологии и виртуелните електронски игри. Исто така, наша цел е да се промовираат и поттикнат здрави практики преку спортување и дружење, како неопходни квалитативни компоненти во животот на секој човек, особено на децата и младите“, велат организаторите настанот „Маалски игри без граници“.

„Зошто е важна физичката активност кај децата и младите“ е насловот на мастеркласот кој ќе го модерира Мирослав Кацаров, а негови гости ќе бидат фитнес едукаторите Немања Миловиќ и Даниел Трбогазов. Немања Миловиќ е професор на Факултетот за физичка култура од Нови Сад, интернет сензација и најсподелуван фитнес едукатор на социјалните мрежи. Даниел Трбогазов е локален фитнес инструктор, кој е застапен на многу полиња и постојано е во мисија да ја подигне фитнес културата во Македонија.

Децата ќе имаат можност да се натпреваруваат во народна, џамлии, грабни стапче, граница, сакате ли војна, плочка, влечење со јаже, куќа, ластик и штркот бира боја. Како дополнителни бонус активности ќе можат да учествуваат во трка со балансери, кошаркарски предизвик и креативни работилници.

Покрај овие активности ќе има и многу музика, подароци и забава за целото семејство.

Share
Scroll to Top