Општиот хит на 80-тите и 90-тите години, популарните бициклистички, како да исчезнаа од мода последниве децении. Тие беа резервирани само за љубителите на велосипеди, и ретките поединци кои знаеја да го препознаат нивниот шарм. Меѓутоа, како што модата секогаш умее пријатно да нè изненади, така и ова лето повторно се вратија како голем моден хит.
Со доаѓањето на летото, денот се продолжува, додека сè останато се скратува – здолништата, пантолоните, маиците, фустаните, па и хеланките и тренерки во кои тренирате. Токму тука се приклучуваат фамозните бициклистички.
Летната алтернатива на вашата облека која ја носите за време на тренингот, ќе ви овозможи еднакво вежбање и поголема комоција. Карактеристиката на материјалот од кој настанале е таа што ви дава чувство на ладење, дури и кога интензивно се потите.
Високиот струк буквално се вовлекува и ви ја дава неопходната слобода при изведувањето на вежби од најширокиот спектар. Новите бициклистички за разлика од некои порани модели не се исечени на незгодните места. Минималните рабови, речиси незабележливи, ласкаат на вашите облини и го нагласуваат вашиот став.
Погледнете ја нашата галерија и пронајдете го оној пар кој токму вам ви се чини совршен.