Кери, Шарлот и Миранда слават 25 години од „Сексот и градот“ без Саманта

Кери, Шарлот и Миранда слават 25 години од „Сексот и градот“ без Саманта

пред 1 година

Актерките од популарната серија „Сексот и градот“ прославија 25 години од емитувањето на оригиналната серија. Главните ѕвезди – Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, без Ким Катрал, се собраа во Њујорк за да ја прослават серијата која ги направи славни.

Серијата која своевремено внесе револуција на малите екрани се емитуваше од 1998 до 2004 година, следеа два филма во 2008 и 2010 година, а пред неколку години женските протагонистки се вратија на малите екрани во рестартирањето чија втора сезона премиерно ќе биде прикажана на 22 јуни годинава.

На повторната средба во Њујорк, секоја од девојките од „Сексот и градот“ доби свој ѕид со цитатите по кои се најпознати, а на едниот ѕид чевлите што ги носеше Кери Бредшо, меѓу кои и нејзиниот омилен Маноло Бланик и Џими Чу.

Сара Џесика Паркер беше облечена во миди фустан со светки, додека Никсон и Дејвис се одлучија за монохроматски модни комбинации. Иако Катрал не беше присутна на прославата на годишнината, нејзиниот лик Саманта исто така доби почесно место на настанот. Помеѓу актерката и останатите колешки со години владее нетрпеливост, но Ким Катрал сепак ќе се појави во епизодна улога во новите делови од серијата што предизвика целосно воодушевување кај фановите. Серијата е трето продолжение на филмот.

„Никогаш не ме прашаа дали сакам да учествувам во снимањето на серијата. Јасно го кажав својот став во однос на снимањето на третиот филм, па за рестартирањето дознав како и сите други – преку социјалните мрежи“, изјавила Катрал во интервју за Variety. Во почетокот актерката целосно ја отфрли можноста да учествува во новите продолженија, па не се знае од кои причини решила да се предомисли.

Џесика Паркер и на својот Инстаграм и оддаде почит на серијата, објавувајќи фотографија од ѓердан со привезок од Кери.

„Ја славиме нашата сребрена годишнина, но спомените што остануваат секогаш ќе бидат златни“, напиша таа со фотографијата.

Share
Scroll to Top