Украинските музичари кои избегаа од војната ќе имаат турнеја низ Европа и САД

Украинските музичари кои избегаа од војната ќе имаат турнеја низ Европа и САД

пред 3 години






Украинскиот оркестар на слободата, со бегалци, повторно ќе ги обиколи Европа и САД во знак на солидарност со жртвите од војната во Украина, објави Метрополитен операта во Њујорк.

Турнејата ќе започне на 20 август во Варшава, а ќе продолжи на 24 август во Берлин и на 30 август во Хамбург.

Новиот ансамбл, кој беше составен минатата година, вклучува украински музичари кои избегале од војната и свират во различни европски оркестри, како и музичари кои останале во Украина. Полската национална опера заедно со Метрополитен во Њујорк го поддржаа создавањето на Оркестарот на слободата. Покровителство на композицијата го презеде украинската прва дама Олена Зеленска.

 






Share
Scroll to Top