ТВ-презентерката Татјана Стојановска вчeра се омажи за нејзиниот партнер, бизнис консултантот Михаил Китановски. Тие веќе 10 години како беа свршени и живееа заедно. Не е тајна дека уште пред 10 години тој ја побара за жена.
Венчавката беше во тениското во хотелот „Александар палас“, а на интимната венчавка биле само најблиските. Невестата носеше елегантна венчаница, а за шминката се погрижи нејзиниот долгогодишен пријател Дадар. Тања беше претходно во брак со пејачот Благоја Грујовски со кого го има синот Матеј.
(А.Г.)