Легендарната британска актерка и двојна оскаровка Гленда Џексон почина на 87 години. Веста ја објави нејзиниот менаџер Лајонел Ларнер.
„По кратко боледување почина Гленда. Таа почина мирно во својот дом во Лондон. Неодамна го заврши снимањето на филмот The Great Escaper, во кој глумеше со Мајкл Кејн“, рече Ларнер.
Џексон кариерата како актер ја почна во театар. Големото филмско деби го имаше во 1967 година, а светска ѕвезда стана во 1970-ите, кога доби четири номинации за Оскар, триумфирајќи во 1971 и 1974 со филмовите „Вљубена жена“ и „Љубовник со голем стил“.
За улогата на кралицата Елизабета Прва во серијата „Елизабета Р“ двапати беше наградена со Еми, а беше добитничка и на најпрестижната театарска награда Тони. Од глумата се откажа во 1992 за да стане пратеничка во британскиот парламент, а паузата ја прекина во 2019.
За потсетување, Џексон беше активна во британскиот парламент како пратеничка на Лабуристичката партија од 1992 до 2015 година.