(Видео) Си ја лажирал сопствената смрт за да види кој ќе му дојде на погреб

(Видео) Си ја лажирал сопствената смрт за да види кој ќе му дојде на погреб

пред 1 година

Белгиецот Давид Баертен (45) ја лажирал сопствената смрт за да види кој ќе му дојде на погреб. Се договорил со сопругата и децата да молчат за тоа. Сакал да открие кој навистина се грижи за него, пишува „Њујорк пост“. Ќерка му преку социјалните мрежи ги известила роднините и пријателите за татко ѝ.

„Тато, почивај во мир. Јас никогаш нема да престанам да мислам на тебе. Зошто животот е толку нефер. Зошто ти? Требаше да станеш дедо, ти го имаше целиот живот пред себе. Те сакам! Ние те сакаме! Никогаш нема да те заобравиме“, напишала таа.

Погребот се случил минатиот викенд, а на него дошле десетици пријатели и членови на семејството. Додека чекале да започне церемонијата, виделе хеликоптер кој слетал во близина.

Баертен излегол и почнал да се поздравува со роднините и пријателите. Некои одма го гушнале, а некои биле збунети. Откако добил негативни коментари објаснил зошто го сторил тоа.

„Ме боли како се однесуваат луѓето во семејство. Никогаш не ме канат никаде. Никој не ме гледа, се разделивме и се чувствувам неценето. Затоа сакав да им одржам животна лекција и да им покажам дека не треба да чекаат некој да умре за да дојдат да го видат“, објасни тој.

Баертен раскажал дека оние кои не пристигнале на погребот, веднаш го исконтактирале откако дознале што се случило.

„На тој начин видов кој навистина се грижи за мене. Тие што не дојдоа, ми се јавија да се видиме. Па така сметам дека успеав во тоа што го замислив“, рече тој.

@el.tiktokeur2 Tu nous as eu on t aime mon ami on est content que tu es parmis nous ❤️❤️#pourtoii #fyp #fypシ @Ragnar_le_fou ♬ son original – Thomas faut

Share
Scroll to Top