Пејачот Виктор Апостоловски се ожени со својата девојка Милена Доневска, со која беше долго време во љубовна врска. Свадбата беше во Битола, а младоженецот со црвен олдтајмер дојде по невестата, па на социјалните мрежи напиша: Одам по невестата, дал ќе ми ја дадат“.
Со адети, музика, пријатели и сите салтанати, Виктор и Милена направија голема свадба во Битола. Невестата носеше раскошна венчаница, со тул и циркони, додека пак Виктор беше малку во винтиџ стил, со костим и шешир на главата.
Свадбата беше во летна бавча во Битола, а пред тоа тие го склучија граѓанскиот брак. Пред да се земат двојката се вери на почеток на годината во Истанбул, кога Виктор ја побара Милена за жена на Босфор.