Поради тежината не можел да се движи, некогаш најдебелиот човек на светот ослабе 200 килограми

Поради тежината не можел да се движи, некогаш најдебелиот човек на светот ослабе 200 килограми

пред 1 година

Мексиканецот Хуан Педро Франко во 2017 година бил прогласен за најдебелиот човек во светот. Тежел 594 килограми и влегол во Гинисовата книга на рекорди. Денес тежи околу 300 килограми и вели дека и понатаму слабее. За себе вели дека бил во толку лоша состојба, што не бил во можност да се движи.

Заради таквата состојба бил принуден да носи пелени, а пред да го добие признанието за најтежок човек, во ноември 2016 година бил хоспитализиран. Хуан вели дека проблемот со дебелината го влече уште од детството, а состојбата најмногу му се влошила на 17 години.

„Како да немав контрола врз моето тело. Пробував да држам диети, но ништо не функционираше. Станав очаен“, рече Хуан.

Со време почнал да се изолира и на крај станал затвореник во својот дом. Кога ќе требало да се помрдне од креветот, биле потребни осум луѓе за да му помогнат да стане. Откако го соборил рекордот на 32 години решил да превземе драстични мерки да ослабе.

По хоспитализацијата дознал дека има дијабетес тип 2, проблеми со тироидната жлезда и течност во белите дробови. До мај 2107-та, ослабел 170 килограми, а потоа му била направена операција за стеснување на желудникот.

По операцијата продолжил со слабеењето следејќи строга диета и режим за вежбање. Цело време имал помош од медицински тим од 30 професионалци. До крајот на 2018-та, Хуан имал 304 килограми.

Самиот почнал да се движи сам и го намалил ризикот од смрт бидејќи се ослободил од бројни здравствени проблеми поврзани со дебелината. Во 2020 година го загубил татко му, кој починал од инфаркт, а само неколку месеци подоцна, починала и мајка му од корона вирусот.

И самиот се заразил, но благодарение на драстичното слабеење, успеал да го победи вирусот. Продолжил да се храни здраво и да вежба. Планира да направи и операција за отстранување на вишокот кожа. И покрај семејната трагедија, рече дека нема да се откаже од борбата за поздрав живот.

„Тоа би го сакала мајка ми. Ќе продолжам да се борам“, рече Хуан.

Share
Scroll to Top