Петар Грашо и Сузе Спасовска, ќе пеат за роденденот на Кисела Вода

Петар Грашо и Сузе Спасовска, ќе пеат за роденденот на Кисела Вода

пред 1 година






Хрватската ѕвезда Петар Грашо ќе пее во рамките на Културното лето и одбележувањето на роденденот на општина Кисела. Културно-забавните случувања почнуваат во четврток на 22 јуни и ќе траат до 29 јуни, кога ќе настапат низа македонски изведувачи, уметници и за хрватскиот пејач.

Куlтурното лето ќе има три фестивалски вечери, на 22, 23 и 24 јуни, на две локации-во Расадник (просторот спроти ООУ „Кирил Пејчиновиќ“) и на Три круши во Драчево.

Отворањето е закажано за четврток, 22.06. во Расадник. Од 21 часот диџеј сет ќе има DJ Mats, а по него, од 22 часот следи концерт на Два Бона.

На 23 јуни во петок, журката продолжува на Три Круши во Драчево, каде ќе настапат КУД Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски.

Од 21 часот во недела стартува финалната вечер. За одлична журка ќе се погрижи познатиот Жаре Бербер со Галама бенд, а по него следи голем концерт на Петар Грашо кои ќе ги пее своите безвременски хитови.






Share
Scroll to Top