Познатиот новинар, репортер и водител на шкотскиот бесплатен јавен телевизиски канал „Ес-ти-ви“, Реј Стјуарт почина на 56-годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот пријател и колега Стивен Џердин.
„Мојот најдобар пријател Реј Стјуарт почина по боледување, имаше само 56 години. Беше неверојатен новинар, писател, сопруг, татко и пријател. Сите мои мисли денеска се со него и неговото сакано семејство“, рече Стјуарт.
Реј повеќе од две децении работеше како новинар и репортер. Беше дел од „Ес-ти-ви“, а потоа и ГМТВ. Стана консултант за комуникации, работејќи во различни области, вклучително и во владата и претпријатијата.
„Ужасни, ужасни вести кои денеска предизвикаа многу тага во ‘Ес-ти-ви’. Сакав да работам со Реј. Секогаш професионален, но никогаш себеси не се сфаќаше премногу сериозно. Многу забава и апсолутен џентлмен. Ох, и тој глас, многу ќе му недостасува“, напиша кратко уредникот на вестите на „Ес-ти-ви“, Никола Кејн.