Собраните пари за Кико, ќе се донираат за друго дете

Собраните пари за Кико, ќе се донираат за друго дете

пред 2 години






Парите кои досега беа собрани за лекување на Кико ќе бидат донирани за друго дете кое има потреба од лекување. Стефан Лазаров кој беше иницијатор на целата акција рече дека ќе даде сè од себе за да спаси друг живот.

„Парите ќе бидат донирани на друго дете. Ако не успеавме да го спасиме Кико, ќе дадеме сè од себе да спасиме друго дете. Хуманитарниот концерт во вторник ќе се одржи и ќе дадеме сè од себе сите што треба да учествуваме. Сите сакам да дојдете да ја наполниме салата за Кико, да пееме песни за Кико и сите средства што ќе ги собереме ќе ги донираме на друго дете“, рече Лазаров.

Кико требаше да замине на лекување во Турција. За него беа собрани 50.000 евра донации, но почина откако состојбата му се влоши во последните два дена.






Share
Scroll to Top