Изгледа дека компанијата сака да влезе на пазарот на паметни часовници, а останува да видиме дали и како ќе го направи тоа.
Иако е релативно нов бренд на технолошкиот пазар, речиси сите слушнале за Nothing. Благодарение на проѕирниот дизајн на слушалките и паметниот телефон, брзо се здоби со популарност.
Во моментов, главниот фокус на фановите на брендот е на лансирањето на втората генерација на Nothing Phone, а се чини дека компанијата се подготвува да влезе во нова категорија производи – паметни часовници.
Дојавувачот Мукул Шарма ја забележал листата со заштитниот знак и сертификат на Nothing во категоријата паметни часовници на индиската BIS сертификат и го сподели своето откритие преку Твитер.
While the #NothingPhone2 is right around the corner, if you remember, I spotted this trademark, dubbed CMF By Nothing a couple of months ago.
Well, turns out it’s a smartwatch.
Have also spotted the Nothing D395 in the smartwatches category on the Indian BIS certification 😀… pic.twitter.com/0npHX0Zy0r— Mukul Sharma (@stufflistings) June 20, 2023
Претходно годинава, Nothing поднесе апликација за трговска марка наречена „CMF BY Nothing“. Во поново време, истата ознака е забележана на листата на сертификати за производи со број на модел „D395“. Интересно е што овој производ е класифициран како паметен часовник.
Заштитниот знак им помага да го зачуваат својот бренд во догледна иднина
Се разбира, овие информации и листи за заштитни знаци не гарантираат дека Nothing ќе издаде паметен часовник, но тоа е добар показател дека компанијата се надева и има намера да лансира производ на пазарот во иднина. Заштитниот знак им помага да го зачуваат својот бренд во догледна иднина, пишува Android Authority.
Додуша, компаниите имаат заштитни знаци кои никогаш не се користат, така што постои и шанса паметниот часовник на Nothing никогаш да не се оствари. Оваа листа на заштитни знаци и сертификати може да се види во твитовите од извршниот директор на Nothing, Карл Пеи, кој претходно оваа година го користеше Samsung Galaxy Watch 5 Pro за „да научи за паметните часовници“.
Got the Samsung Galaxy Watch5 Pro on Sunday to learn about smart watches, but I don’t know what to use it for… Feels kind of useless? What do you use smart watches for?
— Carl Pei (@getpeid) February 22, 2023
Сè на сè, изгледа дека компанијата сака да влезе на пазарот на паметни часовници, а останува да се види дали и како ќе го направи тоа – во форма на вистински паметен часовник или фитнес тракер. Се разбира, бидејќи тоа е производ на Nothing, сигурно ќе има некој елемент на транспарентност.