Вероника Рјабоволова освои златен медал во женско борење на турнир во Турција

Вероника Рјабоволова освои златен медал во женско борење на турнир во Турција

пред 1 година






Македонската репрезентативка Вероника Рјабоволова (50 кг) го освои првиот златен медал во женска сениорска конкуренција на турнир во борење. Со пет победи Вероника се пласираше на првото место на еден од најсилните турнири во светот „Јашар Догу“ во Истанбул во Турција.

Покрај Вероника, на овој турнир од нашата репрезентација настапија и Аид Салихаси кој заврши на деветото место, Владимир Егоров, Фати Вејсели, кој заврши петти, Расул Шапиев, Адам Модосјан, кој беше осми и Столе Ефтимов.






Share
Scroll to Top