Сопственикот на култниот англиски фудбалски клуб Милвол, Џон Берилсон (70) загина во тешка сообраќајна несреќа. Веста ја потврдија и од клубот кој засега не откри детали за несреќата.
„Со големо неверување и тага ја информираме јавноста дека Џон Берилсон почина. Сите во клубот сочувствуваме со сопругата Ејми и трите деца. Смртта на Џон ќе остави голема трага за сите кои го познаваа. Беше голем човек, неверојатно посветен на семејството и личност со голема дарежливост, топлина и добрина. Имаше исполнет живот, полн со бои и радост“, објавија од клубот.
За потсетување, Џон беше прв човек на Милвол 17 години, а со семејството основаше и фондација која им помага на децата во образованието во Бостон. Британските медиуми пренесоа дека во клубот вложил повеќе од 100 милиони евра. Клубот го превзема откако испадна во третата лига.
По две сезони тимот од источниот дел на Лондон е стандарден учесник во Чемпионшип.