Рики Мартин и Џван Јозеф се разведуваат по 6 години брак. Двајцата објавија дека одлучиле да се разделат, но дека ќе останат во добри односи.
„Одлучивме да го завршиме нашиот брак во љубов, почит и достоинство за нашите деца, почитувајќи го сето она што го доживеавме како двојка низ годините. Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска заснована на мир и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, зачувувајќи ја почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг“, објавија тие.
За потсетување, Рики и Џван ја имаат ќерката Лусија, која ја добија во 2018 година и синот Рено во 2019 година. Во 2008 година, Рики Мартин ги доби близнаците Матео и Валентино, кои продолжи да ги одгледува како самохран родител.