Индиската вселенска агенција се подготвува да лансира ракета в петок, со која ќе се обиде да спушти истражувачки „ровер“ на Месечината.
Со тоа Индија ќе испрати порака дека стана сила во истражување и тестирање нови начини на тргување во вселената, пренесува „Ројтерс“.
Изграден со буџет од нешто помалку од 75 милиони долари, „Чандрајан-3“ треба да се подигне од космодромот во јужната држава Андра Прадеш.
„Роверот“ треба да биде поставен на Месечината на 23 август.
„Успешната мисија ќе придонесе за глобалната позиција на Индија и ќе донесе индиректни придобивки за комерцијалната страна на индустријата“, рече Аџеј Леле од Институтот за одбранбени студии и анализи „Манохар Парикар“ во Њу Делхи.