Фудбалерите на Македонија ЃП загубија со 0:1 од летонскиот тим РФС Рига во првиот меч од воведното квалификациско коло во Конференциската лига. Освојувачот на Купот не успеа да го одбрани домашниот терен и со негатива ќе патува на реваншот во Летонија. Овој меч се играше на комплексот на ФФМ.
По екстремно жешки временски услови, двата тима не создадоа премногу шанси, а РФС Рига успеа да реализира преку Андреј Илиќ во 34.минута, по проигрувањето од Куадио.
Македонија ЃП се закани преку Самир Фазли и Кристијан Стојкоски во второто полувреме, но резултатот сепак остана непроменет до крајот на натпреварот. РФС можеше и до поубедлива предност, но гредата ги спаси ѓорчепетровци.