Учесничка во „Парови“ е најдена мртва во базенот во нејзината куќа

Учесничка во „Парови“ е најдена мртва во базенот во нејзината куќа

пред 1 година






Поранешната учесничка во популарното шоу „Парови“, Вољенка Илиќ е најдена мртва. Нејзиното тело било најдено во базенот во нејзината куќа. Илиќ беше учесник во седмата сезона на „Парови“ и беше многу популарна и во деведесеттите како танчерка и пејачка.

Родена во Белград, каде што стана ѕвезда во 90-тите. Покрај кариерата како модел беше и многу позната танцова пејачка и танчерка, чии хитови „Само плеши“, „Једном се воли“ и „Вољена“ се најдоа на плејлистите на бројни клубови и дискотеки.

Осум месеци беше дел од седмата сезона на „Парови“. Во реалното шоу се покажа како вистинска дама, елоквентна, културна и жена која има што да каже. Не се двоумела да зборува за нејзиниот приватен и љубовен живот кој бил многу бурен.

Нејзината животна исповед ги задржа гледачите на малите екрани. Некои од нејзините најголеми љубови, додека беше во реалното шоу, беа во доживотен затвор.






Share
Scroll to Top