Младите кошаркари на Македонија до 20 години, на следното Европско првенство ќе игра во А-дивизијата. Младинците ја совладаа Украина со 66:53 и се пласира во финалето на Европското првенство Б-дивизија кое се игра во Скопје, и го извадија билетот за елитната дивизија.
Избраниците на селекторот Никола Василев беа подобри во текот на сите 40 минути. Резарт Мемед постигна 24 поени, а одлична игра покажа и Амар Хот кој даде 12 поени и имаше 11 скока.
За потсетување Македонија во финалето ќе игра со победникот од второто полуфинале во кое од 21 часот ќе играат Чешка и Шведска.