Познатиот американски тиктокер Џастис Рид, веќе неколку дена е во Скопје, откако пред неколку месеци најави дека летово ќе се балканизира. Ако пред некој ден пееше песни од Тоше и ги броеше дупките на плоштад, сега отиде да проба хамбургер во Скопје и го споредуваше со американскиот.
Проба два сендвичи, еден хамбургер и еден со пилешко. И, не му се допадна, па вели воопшто не биле исти со нивните сендвичи во Америка. Освен помфритот, за кој вели дека му бил океј.
„Не знам ни како да ви го опишам вкусот. Не е добро“, вели Рид . Откако праша што да јаде тука, доби еден куп препораки за сендвичари каде може да јаде добар сендвич, а да не е американски.
@justus_reid I was not expecting this! #balkan #macedonia #food