Барса уверува дека ќе игра против Арсенал, откажаниот меч против Јуве ги чини 2 милиони евра

Барса уверува дека ќе игра против Арсенал, откажаниот меч против Јуве ги чини 2 милиони евра

пред 1 година

Барселона по повлекувањето од саботниот меч против Јувентус поради вирусот кој го зафати „поголемиот дел“ од тимот, уверува дека дуелот против Арсенал во Лос Анџелес ќе се одигра.

„ФЦ Барселона ги охрабрува фановите да уживаат во мечот кој ќе го играме во среда против Арсенал на ‘СоФи’ стадионот во Лос Анџелес. Двата клуба се во контакт и сигурни сме дека мечот ќе се одржи според планот“, велат од клубот.

Шпанските медиуми тврдат дека клубот загубил приход од 2 милиони евра поради откажувањето на мечот против Јувентус, пари кои му се насушно потребни на каталонскиот гигант. Арсенал веќе имаат три меча од пред-сезоната за разлика од Барселона – одиграа 1:1 со Нирнберг, го победија Ол-стар тимот на МЛС лигата со 5:0 и вчера загубија од Манчестер јунајтед со 2:0.

Share
Scroll to Top