Во рамките на годинешниов „Струмица опен 2023“: „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“
„Боемската вечер со Живко Динев и пријателите“ во Струмица ќе се одржи во градскиот парк утревечер, на 26-ти јули (среда) со почеток во 20 часот и е дел од годинешната манифестација „Струмица опен 2023“.
Живко Динев, некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал, по напуштањето на бендот почна соло кариера. Во рамките на годинешното 12-то по ред издание на летниот отворен фестивал „Струмица опен 2023“, Жика ќе има своја, „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“. Настанот е замислен како своевидно музичко дружење со познатиот музичар и неговите пријатели – специјални гости, познати и популарни имиња од македонската естрада: Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и Коки – виолина (екс – Дуле и Коки) кои ќе ги забавуваат присутните со своите изведби. Придружна група таа вечер ќе бидат членовите на познатите „Арија бенд“ и уште некои музичари