Пејачката Тори Кели итно хоспитализирана откако се онесвестила во ресторан

Пејачката Тори Кели итно хоспитализирана откако се онесвестила во ресторан

пред 1 година

Пејачката Тори Кели итно е хоспитализирана. Таа била со пријателите во ресторан кога почувствувала дека срцето и чука забрзано, по што се онесвестила. Хоспитализирана е во блиската болница и има индиции дека нејзината состојба е сериозна. Лекарите откриле згрутчување на крвта во нозете и во белите дробови и истражуваат дали има и згрутчување на крвта околу срцето.

Пејачката Тори Кели била во ресторан во Лос Анџелес кога се пожалила на забрзан пулс. Колабирала, а пријателите ја однеле во болницата Cedars-Sinai во Западен Холивуд. Се вели дека несвестицата траела подолго.

Претставниците на печатот на пејачката и текстописец не сакаале да коментираат за „Пејџ сикс“.

Двократниот добитник на Греми се подготвуваше да издаде нов албум откако го објави синглот „Missin U“. Поминаа три години од нејзиниот последен албум.

Тори Кели беше натпреварувачка во шоуто „Американски идол“.

Share
Scroll to Top