Вера Милошевска-Јосифовска вокалот на Љубојна овие денови ужива на јадранско крајбрежје. Таа објави фотографија од плажа во Херцег Нови во целосен костим за капење, кој одлично и стои.
Причината поради која Верче ужива во крајбрежниот црногорски град е свеченото отворање на меѓународниот саем „Трг од књиге 2023“ каде групата Љубојна имаа настап.
„Топол пречек во прекрасното приморско опкружување и дизајн од архитектура, збор и музика задно“, вели Вера Љубојна.
Како амбасадор на македонската музика, Вера за време на прошетка низ калдрмата во Херцег Нови запеа и со уличен уметник, па и се придружија и туристи кои играа на македонска музика.
„Македонско девојче“ на едно од најубавите места на Јадранското крајбрежје. Улични вибрации музика. Уживање во летото“, вели Вера.
Инаку пејачката освен што е член на групата Љубојна, таа е професор по традиционално пеење и вокален тренер во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.