За “120 Години Илинден” легендарниот диџеј Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија ќе настапат на 2. август на плажата Дупени на Преспанското езеро . Пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во продукција на Баланс. Дерик Меј беше во Битола каде на прес конференција во битолското култно кафуле Јагода.
Тој се потсети на неговото прво доаѓање во Македонија пред точно 23 години, непосредно по осамостојувањето, по покана на македонскиот DJ Огнен Узуновски.
“Од денешна дистанца, можам да кажам дека беше храброст да се дојде тогаш на Балканот, во Македонија. Имаше воен конфликт, со мене во авионот се сеќавам се возеа војници, а на царинска контрола не можеа да разберат зошто доаѓам со куфери полни со плочи. . Се вљубив во вашата земјата која ми покажа силно гостопримство. Линкот што го направивме на таа прва историска журка во Градиште, беше неспоредлива„ рече Меј.
По потекло од, Детроит, Мичиген, САД, придонесот на Дерик Меј во светот на музиката не се ништо помалку од револуционерни. Како еден од основачите на техно движењето во Детроит, тој го обликуваше текот на електронската музика и создаде препознатлив звук.
„ Среќен сум дека мојата музика допре до толку многу луѓе, не само во Детроит, мојот роден град, туку и во Македонија и сккаде во светот. Техно музиката, отсекогаш била за кршење на границите и поврзување на луѓето. Се чувствувам неверојатно благодарен за поддршката и љубовта од моите фанови ширум светот“, рече тој.