(Видео) Колективен транс на „Македонско девојче“, се сврте и оро на концертот на Аца Пејовиќ

(Видео) Колективен транс на „Македонско девојче“, се сврте и оро на концертот на Аца Пејовиќ

пред 1 година

Со оро и колективен транс на концертот на Аца Пејовиќ како да се заокружи вечерта во Охрид, на вечниот хит „Македонско девојче“. Аца ја испочитува македонската публика, па од душа ја отпеа песната на која не требаше многу за да се сврти македонско оро.

Потоа следеа блок песни од Здравко Чолиќ и „Црвена јабука“, што дополнително го зголеми расположението.

Вчера во Охрид Аца Пејовиќ имаше концерт. На уште незапочнат концерт, публиката пееше наместо него.

„Ве љубам, ајде да правиме журка“, рече Пејовиќ. Во публиката се слушаа коментари дека српската легенда е како дома, бидејќи во Македонија го има во секое годишно време барем по еднаш.

„Знам дека ја сакате оваа“, рече Пејовиќ и ја запеа: „Поноч је“ по што следеше и колективен транс.

На репертоарот беа и старите хитови, омилени на повозрасната публика. Аплаузи и овации од сите што беа на Охридскиот стадион.

За Аца Пејовиќ се прескокнуваше и ограда во Охрид, тој пак вели, еднаш се живее

Share
Scroll to Top