Анче моја, подарок за тебе беше мојата среќа: Џамбазов емотивен за роденденот на мајка си

Анче моја, подарок за тебе беше мојата среќа: Џамбазов емотивен за роденденот на мајка си

пред 1 година






Актерот и шоумен Игор Џамбазов објави фотографија со неговата мајка Анче, за да потсети дека денеска ќе наполнеше 81 година.

Во спомен на Анче напиша: „Анче моја. Денес ќе наполнеше 81 година. И сигурно ќе ми купеше подарок. За нејзиниот роденден. Подарок за неа беше мојата среќа“, напиша Игор.

На денешен ден е родена актерката Анче Џамбазова, ќерка на доајенот на Македонскиот народен театар, Петре Прличко.

Анче беше во брак со диригентот Александар Џамбазов, а почина на нивната 35-годишнина од бракот, на 30 септември 1997 година, на 55 години, од рак на белите дробови.

„Кога си отиде Анче, и јас отидов, тука сум само онака“, рече во една пригода маестро Џамбазов по загубата на својата сакана.

Игор често во своите книги и интервјуа раскажува за нивната голема љубов.






Share
Scroll to Top