Маж во Унгарија добил плата од 92.000 евра по грешка

Маж во Унгарија добил плата од 92.000 евра по грешка

пред 1 година

Унгарец по грешка од компанијата примил плата од 92.548 евра, односно 367 пати повеќе од што му следувало. Парите ги добил во евра наместо во форинти. Парите му ги уплатиле на сметка во банка во Австрија, но компанијата наместо 92,549 унгарски форинти, односно 238 евра му префрлила 92,549 евра.

Откако компанијата ја увидела грешката, го замолила да им ги врати вишокот пари. Мажот одбил правдајќи се дека немал пристап до банкарската метка. Истовремено парите ги подигнал од банкомат во градот Капошвар, на југозапад во Унгарија.

Бидејќи упорно одбивал да ѝ го врати вишокот на компанијата, обвинителството во Капошвар подигнало обвинение. Обвинет е за незаконко присвојување средства, соопштија од обвинителството во средата.

Австриските власти успеале во меѓувреме да вратат поголем дел од сумата. Сепак, обвинителството во унгарскиот град бара изрекување и парична казна и бара надомест на преостаната штета на компанијата.

Share
Scroll to Top