Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа порази и во вториот контролен натпревар во Белград, против репрезентацијата на полска.
Првиот натпревар се одигра вчера, Полска убедливо победи со 97:81, додека денеска разликата беше уште поголема, Полјаците славеа со забележаа уште поубедлив триумф од 84:52.
Катастрофалната втора четвртина на крајот ја одреди разликата. Овој период Македонија го загуби со 9:30.
Кај Македонија најефикасни со по осум поени беа Шортс, Робев и Ѓуроски.
Националниот тим се враќа во Скопје каде ќе тренира до 10. август за кога е предвидено заминувањето за Талин. Во Естонија, Македонија ќе настапи на претквалификациски турнир за Олимписките игри во Париз.
Фото/ kfsm.mk