Мбапе на Сардинија, со две девојки ја преболува казната на ПСЖ 

Мбапе на Сардинија, со две девојки ја преболува казната на ПСЖ 

пред 1 година

Фудбалерот Килијан Мбапе, ужива во сончевата Сардинија со пријател и две девојки. Француската фудбалска ѕвезда досега имаше хаотично лето, откако ПСЖ реши да го казни бидејќи најави дека нема да го продолжи договорот со клубот кој истекува следната година, а не бара ниту нов клуб.

Затоа клубот реши да го испрати Мбапе во друг тим на тренинг.

Но, Мбапе изгледа целосно заборавил на тие проблеми на Сардинија. Тој бил виден како излегува од луксузен приватен авион со пријател пред да се упати кон клуб на плажа.

Потоа бил виден како се релаксира покрај базен со две девојки во бикини. Носел беж шорцеви за капење и дизајнерски очила за сонце.Друштвото уживало во коктели и убавиот поглед на околината каде што биле сместени.

Француската фудбалска ѕвезда подоцна била забележана на забава со играчот на Реал Мадрид, Родриго, што само ги подгреа шпекулациите дека наскоро ќе му се придружи во Мадрид.

Share
Scroll to Top