Столе Димитриевски избран за најдобар голман во Шпанија

Столе Димитриевски избран за најдобар голман во Шпанија

пред 1 година






Македонскиот репрезентативец, Столе Димитривски, е избран за најдобар голман во првото коло на шпанската Примера дивисион. Со одличните одбрани тимот на Рајо Вајекано ја победи на гости со 2:0 Алмерија. Димитриевски доби оценка 8.14, што му беше доволно да биде избран за најдобар голман.

Во најдобриот тим за првото коло, беа избрани и играчите на Реал Мадрид, Белингам, Родриго и Алаба.

За Македонецот ова е втора сезона која ја започнува на одличен начин. Лани исто така во првото коло, Димитриевски блесна на гостувањето на „Камп ноу“ кога беше најзаслужен што Рајо Ваљекано одигра 0:0 против каталонскиот гигант.






Share
Scroll to Top